| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул за само две минута направи пресврт и стигна до трите бода, Сити рутински го совлада Хал (видео)

liverpul

Манчестер Сити по пауза од четири меча без победа, успеа да слави на „Етихад“ над Хал Сити со 3-1.

Избраниците на Гвардиола од самиот почеток на натпреварот доминираа, и заслужено ја однесоа победата. Во 31. минута гостинскиот играч Ахмед Елмохамади ја погоди сопствената мрежа и донесе водство од 1-0 за „граѓаните“. На почетокот на вториот дел Агуеро успеа да налета на една топка и зголеми на 2-0, а во 64. минута Фабијан Делф донесе комотни 3-0. Почесниот гол за гостите го постигна Ранокија во 85. минута.

Фудбалерите на Ливепрул успеаа на гостински терен, по пресврт во вториот дел, да го совладаат тимот на Стоук со 1-2 и да освојат важни бодови во битката за Лигата на шампионите.

Во првиот дел од натпреварот домашните фудбалери беа подобар ривал и заслужено заминаа на одмор со предност од 1-0. Стрелец на голот беше Волтерс во 44. минута по асистенцијата на Шакири. Јирген Клоп го почна мечот против Стоук на гости без Кутињо и Фирмино оставајќи ги на клупата, но откако домаќинот поведе преку Волтерс, тој ги уфрли токму своите главни ѕвезди да ја спасуваат работата. И тие ја завршија задачата, постигнувајќи по еден гол, прво Кутињо во 70.минута, а две минутни потоа и Фирмино.

Резултати Премиер лига:

Тотенхем – Ватфорд 4-0, Манчестер сити – Хал сити 3-1, Стоук – Ливерпул 1-2, Мидлсборо – Барнли 0-0, ВБА – Саутемптон 0-1, Вест Хем – Свонси 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top