Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, беше најбрз во квалификациите на патеката во Шангај и ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за ГН на Кина. Хамилтон постигна време од 1.31. 678 минута.
Од првата линија на стартот до Хамилтон ќе биде Себастијан Фетел со болидот на Ферари кој имаше второ најбрзо време во квалификациите (1.31.864 мин.). Третата стартна позиција ќе ја има вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, кој за само дел од секунда заостана зад времето на Фетел (1.31.865 мин.).
Доминацијата на двата водечки тима на стартот од новата сезона во Формула 1, ја комплетира вториот возач на Ферари, Кими Раиконен кој постигна четврто најбрзо време во квалификациите за ГН на Кина.
Трката во Шанга е втора во календарот на Ф1. На првата трка за ГН на Австралија победи Фетел пред Хамилтон и Ботас.
Стартот на трката за ГН на Кина е утре со почеток во 9 часот по средноевропско време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.