| четврток, 6 декември 2018 |

Со автомобили се лее црвено-жолтиот бран низ Скопје

Со автомобили од две појдовни точки, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ поддржана од огромен број на граѓани, точно на пладне почна да го лее црвено-жолтиот бран низ Скопје.

Огромни колони тргнаа од СЦ „Борис Трајковски“ и од СЦ „Јане Сандански“, со крајна цел – македонското Собрание.

  • Го потсетуваме разбудениот град дека наредната недела е клучна. Дека не чекаат важни денови и предизвици. Дека часот е велик, а ние достојни за одговорноста која ја имаме во оваа трошка од историјата, на наша смена, да го зачуваме наследеното од дедовците и позајменото од нашите деца: иднината на Република Македонија – пишува на официјалната страница на „Фејсбук“ на „За заедничка Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top