| четврток, 6 декември 2018 |

Побрз и од авион: Возот кој ќе вози 1223 км/час

Дирк Алборн сака да превезува луѓе со 1223 км. на час преку цевка во која царува целосен вакуум. Академиците гледаат со скепса на неговата идеја за „хиперскок“, но првата експериментална капсула наскоро ќе биде направена.

За мажот кој сака возовите да ги направи побрзи од авиони изгледа ништо во живото не е доволно брзо. Дирк Алборн седи во турски ресторан во берлинскиот кварт Пренцлауер берг и се жали на германската бирократија.

– Со задоволство би направил повеќе нешта во Германија, но тука нема многу луѓе кои разбираат, гневен е тој.

Во Кина, Индонезија и на Блискиот исток, всушност интересот за неговиот „воз на хиперпогон“ е голем, раскажува Алборн.

– Многу попросто е големи идеи да се остварат во автократски држави отколку во тнр. земја на енергетски премин, се жали тој.

Дирк Алборн е роден во Германија во 1976 година, иако сега веќе тоа не изгледа така. Како 19-годишен, наскоро откако завршил стажирање во банка, живото го води во Италија. Пред седум години заминал за САД, а тоа силно влијаелно на него не само како претприемач, туку и на неговиот надворешен изглед.

Алборн личи на починатиот американски музичар Џони Кеш на млади години, независно дали е тоа случајно или пак намерно избран изглед. Токму сега додека јаде донер во Берлин, најголемиот сон на Алборн изгледа е дека конечно ќе биде прифатен во неговата татковина. Но засега германската влада реагира прилично воздржано.

Веќе две ипол години компанијата на Алборн, Хајперлуп транспортејшн текнолоџис работи на футуристичка технологија која ќе им даде шанса на луѓето да патуваат со бризна од 1223 км. на час во бели капсули без прозорци низ цевки во кои царува целосен вакуум. Компанијата веќе официјално почнала да ја гради првтат тест капсула. Таа ќе биде долга 30 метри, шрока 2,7 м. И ќе може да превезува до 40 патници. Во калифорнискиот „град на иднината“ Квај вели пак се гради првата делница за тестирање.

Да патуваш од дома во предградието до канцеларијата во градот со брзина помала од таа на звукот – тоа би имало многу предности. Растојанието од Сан Франциско до Лос Анџелес (околу 560 км.) би можело да се минува само за скоро половина час. Тоа значително би ги зголемило можностите на луѓето да си избираат работа, а и самото чусвтво да далечина ќе се смени.

– Сега токму правам голем чекор кон таквата иднина, убеден е Алборн.

Но дали некој навистина би го доверил живото на неговите патувачки капсули, ако тие воопшто некогаш и се појават? Во секој случај, академиците имаат големи сомнежи околу таа концепција.

Спротивно на вселената

За да се забрза скоро 20-тонската капсула до брзина која се доближува до таа на звукот, условите во цевките треба ка се скоро како во вселената. Експертите се сомневаат дека е рентабилно да се одржува целосен вакуум на растојание од стотици километри. Се поставува и прашањето што би се случило ако капсулата биде погодена при терористички напад или земјотрес? Дали тогаш патниците нема да се задушат како космонаути во вселената?

Алборн тврди дека патувањето во системот Хајперлуп е десет пати побезбеден од авионите. Според него, столбовите на кои се подигнати цевките можат да издржат силен земјотрес како и повеќето терористички напади.

– Се разбира, со доволно експлозив можеш се да разурнеш, признава претприемачот. И заради тоа направил планови и за слично сценарио.

Ако столбовите бидат разурнати со бомба, системот веднаш се исклучува и останатите капсули запираат во секунда. Патниците ќе бидат изолирани при такво вонредно сопирање и ќе можат да преживеат (иако и ранети) да излезат преку излезите за итни ситуации.

Алборн е оптимист и од гледан точка на трошоците. Тој планира меѓу изворите на приходи да биде и продажбата на електрична енергија која ќе се продава од сончеви фотоволтажни панели монтирани на горниот дел од цевките и не била искористена за потребите на системот.

Друг извор на приходи би можеле да бидат и дигиталните „прозорци“ кои ќе се монтираат од внатрешната страна на капсулите, за да се избегне чуството на клаустрофобија.

Преку нив компании ќе можат да се рекламираат, и да нудат вклучително и виртуелни светови. Така патувањето меѓу Лос Анџелес и Сан Франциско би можело да се претвори во патување насред, да речеме, пејсажи од светот на „Игра на тронови“.

Во целина, концепцијата на Хајперлуп звучи доста утописки. Или антиутописки, зависи кој како гледа на тоа. Алборн допрва треба да докаже дека техниката и неговите бизнис интерси функцинираат. Тој самиот верува дека наскоро ќе ја постигне таа цел и се надева дека за три години дека ќе го отвори првиот систем за транспорт.

– Наш најголем проблем не е техниката ниту парите, туку законската регулација, особено во Германија, објаснува визионерот.

Потоа го зема телефонот и ми покажува фотографија на која седи до Владимир Путин на вечера. Според него, рускиот претседател бил силно заинтересиран од идејата за Хајперлуп. До Алборн на фотографијата седи уште еден човек – поранешнот германски канцелар и пријател на Путин, Герхард Шредер. Ете, сепак постои еден Германец преку кого Хајперлуп изгледа може да започне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top