Мажот, кој беше приведен вчера вечерта во предградие на шведската престолнина и за кој во текот на ноќта беше изречена мерка притвор, е осомничен дека го возел украденото камион кој прегази пешаци на централна улица во Стокхолм и потоа удри во трговски центар, соопшти портпаролот на шведската полиција.
– Мислиме дека мажот, приведен под стража, е сторителот на атентатот, рече портпаролот Ларс Бистром.
Според многу шведски медиуми станува збор за 39-годишен Узбекистанец, кој бил симпатизер на организацијата „Исламска држава” .Тој е приведен во северно предградие на Стокхолм.
Во нападот вчера загинаа четири лица, а беа повредени – 15. Девет се во тешка здравствена состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.