Дваесет и деветгодишна Русинка го доби судскиот спор против гинеколошкта ординација, која и ја „извалкала предбрачната чистота“.
Неименуваната жена од Новосибирск, изјавила дека ја чувала својата невиност до брак, но еден невнимателен гинеколошки преглед го променил тоа.
– Видов крв на рацете на докторката, по што почувствував како некој да ме прободил, но таа ми рече дека се е во ред – изјавила жената на суд.
После прегледот таа имала непријатно чувство, по што закажала преглед и во приватна клиника.
– Таму ги потврдија моите сомневања. Тие ми рекоа дека хименот ми е пукнат на половина – раскажува жената.
Таа вели дека е сигурна дека сите ќе го разберат нејзиниот бес.
– Плачев цела ноќ и цел ден, едноставно не можев да престанам. Како можеше тоа да ми го направи. Само Бог знае колку патев, како и мојата мајка – рекла таа.
Жртвата себеси се декларира како посветена православна христијанка која сакала да ја зачува својата девственост до првата брачна ноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Лажниот гинеколог во Австралија осуден на девет години затвор
-
Сите автомобили постари од 15 години два пати ќе одат на технички преглед – нов правилник стапува на сила
-
Скандал во болница: Се претставил како гинеколог за да прегледува згодни пациентки (видео)
-
Гинекологот кој лажеше пациентка дека е бремена, доби отказ