Штипјани кои ја поддржуваат граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ веќе 40 дена мирно протестираат низ улиците во централното градско подрачје. Граѓаните и оваа вечер од малиот плоштад кај кружниот тек кај Стопанска банка порачаа да се зачува унитарноста на државата, да не се дозволи промена на националните симболи и да не се прифати тиранската платформа.
– Тешко ќе ја срушат оваа тврдина од народ изградена од цврст македонски камен, искована од железо појако од челик. Но, сепак со меко срце во кое има љубов, љубов кон својата татковина порача Марија Лазарова.
Протесниот марш во Штип почнува секоја вечер во 18 часот пред Соборниот храм „Свети Никола“ по што граѓаните се движат по улиците покрај кејот на реката Отиња, а протестот го завршуваат на мини плоштадот на трговската улица „Ванчо Прќе“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.