Тројца вооружени излегле од камионот со кој се забиле во продавница во центарот на главниот град на Шведска, Стокхолм и почнале да пукаат врз луѓето кои го преживеале првобитниот напад, пренесуваат светски агенции. Според јавувањата, најмалку пет лица го загубиле животот, а многумина се повредени во нападот во Стокхолм, кој се оценува како терористички чин.
Нападот бил во областа Дротингатан, а бил извршен со камион украден неколку блока подалеку од пиварница. Камионот влегол во делот на пешачката зона и газел сè пред себе. Според локалните медиуми, на тротоарите и на улиците има тела на загинати. На фотографиите и снимките кои го обиколија светот, се гледаат траги од крв.
Откако камионот се забил во една од продавниците, дошло и до пожар, поради што била ангажирана и противпожарна единица. На социјалните мрежи се појави и снимка на која се гледа како повеќемина полицајци совладуваат машко лице, за кое се претпоставува дека бил зад воланот во камионот.
Стотици лица, кои се наоѓале во близина на нападот почнале панично да бегаат подалеку од централното подрачје. Полицијата издала и наредба граѓаните што побрзо да го напуштат центарот на градот и да не се движат во големи групи.
Според очевидци, во Стокхолм владее паника, а уплашени се и полицајците поради стравувањата од нови напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)