| четврток, 6 декември 2018 |

Отстапките кон Албанците допрва ќе се прават – програмата на Заев е лага (ВИДЕО)

duiu-sss640

Најголемите албански политички партии кои му ги дадоа потписите на Зоран Заев за исполнување на Тиранската платформа не се согласуваат и не ја прифаќаат програмата што ја промовираше СДСМ. ДУИ и БЕСА потврдуваат дека отстапките кон Албанците допрва ќе се прават.
Лулзим Алиу од Движењето БЕСА во дебатната емисија „Патот кон“ на Алсат-М телевиизја изјави дека не се сложува со ставот на албанската пратрничка од СДСМ Ѓулумсере Касапи дека тие требало да ја поддржуваат програмата на СДСМ.

-Ние сме автономни субјекти кои имаме програма и наша мисија, рече Алиу.

На иста линија со Алиу беше и претставникот на ДУИ, Тахир Хани, кој рече дека нема зошто ДУИ и другите алобански политички субјекти да се содеинат околу програмата на СДСМ.

Од ден на ден се повеќе излегува на површина сервилноста на СДСМ и Зоран Заев. Дека отстапките кон Албанците допрва ќе се прават, а програмата која ја презентираше Заев е само лага се потврди и при репликата на шефот на Кабинетот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Артан Груби, кон Дамјан Мачевски од СДСМ во емисијата „Топ тема“.

Манчевски повторно се обиде да манипулира со граѓаните изјавувајќи: „Ставот на СДСМ е дека не треба да има промена на националните симболи, тоа е крај на муабетот“, на што Артан Груби од ДУИ, партијата со која СДСМ има договор да формирање влада, кратко реплицираше дека тоа можеби е крај за нив, не и за ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top