| четврток, 6 декември 2018 |

Засега пет жртви на новото разорно торнадо во Оклахома (ВИДЕО)

Пет лица ги загубија животите, а според првичните сознанија уште неколку се сметаат за исчезнати во новото разорно торнадо кое повторно ги погоди предградијата на Оклахома сити.

Според Њуз9, локалните власти потврдија дека меѓу жртвите се и мајка и момченце, на автопатот 40 крaј градот Мур. Покрај нив, уште две тела се најдени во тела во автомобил на пат во предградието Јунион Сити, а еден човек загина во предградието Ел Рино.

Tornado strikes Broken Arrow, Oklahoma
Во моментов, над главниот град на сојузната држава Оклахома и блиските области дејствува големо невреме, проследено со врнежи од крупен град, нагло зголемување на водостојот на реките, а регистрирани се и повеќе појави на торнада. Според локалната електрична компанија, околу 54 илјади луѓе останале без снабдување со електрична енергија поради нарушување на мрежата за пренос на струјата.

ap_oklahoma_tornado_2_ll_130531_wmain

Автопатот и аеродромот во Оклахома Сити се затворени, додека метеоролозите предупредуваат дека опасноста не е сé уште помината.
Торнадото повторно мина преку гратчето Мур, во кое минатата седмица во разорниот виор загинаа 24 лица. Медиумите пренесуваа повикувајќи се на очевидци дека појави на торнада и поплави има и во градот Џоплин во сојузната држава Мисури, кој пред две години беше погоден од еден од најголемите забележани торнада во американската историја во кое беа усмртени 161 лице

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top