Не знам на какви дроги ги држат бројлерите во живинарските фарми на Сорос и ЦИА, ама изгледа од 8 ноември, по победата на Трамп, кога на светско ниво влегоа во претсмртна агонија, па некои ја сонуваат Илирида, некои странска интервенција во Македонија, пишува Мирка Велиновска во својата последна колумна Ниту Иванов ќе го скршат, ниту црвено-жолтата Македонија ќе ја замолчат.
„Петтата колона во паника ги вади веќе употребените сценарија од претходните кризи. Арачиновци сега ќе го глумат Танушевци и Џавит Хасани пребегот во Дреница. Ќе сечеле бандери, ќе го уценувале ЕВН. Оние будалетинки од Kуманово ќе симнувале македонски државни знамиња. Ќе се тепале со народот. А да! УЧK во ДУИ ќе си поднеле оставки во техничката влада и ќе ја паднеле во криза. Само сега мора да се раскурчуваат зашто Собранието фактички нема. Ама нема веќе ни коалиција на два победника. А наскоро по пописот, ќе го нема ни Рамковниот, па ни неговиот дух. На локални избори ќе го нема она ДПМНЕ да им носи градоначалници со македонски гласови во Тетово, Kичево, Струга и Гостивар. И Ердоган почна да им дува во врат. Ете го во БиХ како го остварува договорот во Анталија на тројката Вашингтон, Москва и Анкара (новата Јалта). Следна ќе биде Македонија и пописот. Ќе се преброиме, па ќе се реорганизираме. Со сите нишани, ем домаќински.
Јас не знам на какви дроги ги држат бројлерите во живинарските фарми на Сорос и ЦИА, ама изгледа од 8 ноември, по победата на Трамп, кога на светско ниво влегоа во претсмртна агонија, па некои ја сонуваат Илирида, некои странска интервенција во Македонија, веќе ништо не сфаќаат. Пред с`, Ѓорге Иванов нема да го свиткаат ниту купат. Црвено-жолтата Македонија нема да ја скршат и замолчат. Македонија нема да ја победат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.