| четврток, 6 декември 2018 |

Утре нема да си во униформа, па ќе игра нож

Кривична пријава за загрозување на на сигурноста поднесе СВР Струмица против И.А.(30) од Струмица.

Инцидентот се случил на 20 март во Струмица, кога на полициски сужбеник, службено ангажиран за обезбедување на јавен собир, во 19:00 часот кај крстосницата на ул.„Ленинова“ со ул.„4-ти Јули“, му се доближил пријавениот.

Тој на полцискиот службеник  му се обратил дека иако е полициски службеник, сепак живее во турското маало во Струмица и треба да внимава во однос на лицата од турското маало т.е да не презема службени мерки против истите. На тоа оштетениот му кажал да се тргне понастрана и да дозволи непречено да ја врши службата, по што пријавениот почнал да му се заканува и му се обратил со зборовите: „Утре нема да си во униформа, во маалото ќе те нападнам и удрам, а ќе игра и нож“.

Откако оштетениот забележал дека во близина на ГТЦ „Глобал“ се собираат повеќе лица од турското маало се јавил на неговиот претпоставен и побарал засилување по што пријавениот се одалечил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top