Јасно е дека СДСМ се подготвува да тргне со насилство само за да дојде на власт. Притисокот е огромен од спонзорите на Заев, па првиот чекор веќе го направија со обид насила да наметнат избор на претседател на Собранието и за преку него, на ист начин, да се протурка агендата од тиранската платформа. Реализацијата бараше заевистите да мобилизираат и делови од меѓународата заедница и структурите на Сорос од надвор, за да со нивна помош се протурка и оправда насилството, а се со цел да се испорача ветеното кое како обврска стои пред Заев. За таа обврска се и потсетувањата кон Заев од тиранските структури, како од Рама така и од Бушати, за очекувања платформата да биде вметната во македонскиот Устав. Заевистите сега се под притисок да ја платат цената за поддршката и враќање од тоа нема.
Затоа била и средбата на Заев со албанското подземје, да му го чуваат „грбот“ при насилното преземање на власта во институциите. Врските на заевистичката врхушка со албанското подземје не се нови и тие се во постојана соработка од почетокот на кризата, па преку врските на Мухамед Зекири со косовските криминални структури, за сега повторно да се потпрат на нивното насилство за конечна пресметка на заевистите со македонскиот народ преку насилно спроведување на тиранската платформа.
Ваквиот план и повик веќе ги алармираше граѓаните кои имаат доволно истенчен сенс за пораките на главниот насилен идеолог кај заевистите, Љубомир Д. Фрчкоски, кој повикува претседавачот во Собранието, поранешниот претседател Трајко Вељаноски, да биде насилно исфрлен „за уши“, за потоа да се тргне во мајоризација на македонските државни и национални интереси и да се спроведе разнебитувањето на државата.
Тој и претходно инсистираше на укинување на унитарниот карактер на државата, со наметнување на „ротирачки премиер“, за не толку одамна јавно да побара смена на името, што, всушност, се идеи во рамките на барањата наведени во тиранската платформа.
Инсистирањето за „оваа година“ за името, Фрчкоски ја открива заднината и подготвеноста за насилство само да се дојде до таа опција, бидејќи времето кое им преостанува е кратко за сите зафати планирани и во тиранската платформа, но и кантонизацијата која ја ветуваше Заев во Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)