Драгиша Милетиќ и официјално ја напшти пратеничката група на СДСМ. Тој од денска во Собранието настапува како самостоен пратеник од СНС. За ваквата одлука со писмен допис ќе го извести Претседателот на Собранието, Вељаноски.
„Причината е јасна и едноставна. Веќе се одлучив пред локалните избори, кога СДСМ најави дека нема да излезе на изборите. Тогаш сфатив дека СНС мора да ја напушти коалицијата и да делува сериозно. Што значи тоа? Дека сите конструктивни предлози без разлика дали доаѓаат од власта ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ ќе ги поддржуваам“, изјави Милетиќ.
Преговори за нова пратеничка група, Милетиќ вели дека сеуште нема, но можноста останува отворена.
„На ова прашање би можел да ви одговори Ивон Величковски“.
Претседателот на ЛП не сакаше да коментира.
Доколку Величковски реши да ги следи стапките на Милетиќ и ја напушти пратеничката група во која е заедно со четворицата пратеници од НСДП, тогаш македонскиот опозициски блок ќе остане само со една онаа на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.