Рускиот милијардер Димитри Риболовлјев продолжи да плаќа неверојатно високи суми за ангажман на фудбалери во Монако, а нов член на тимот од „кнежевството“ е Радамел Фалкао. Колумбиецот попладнево конечно потпиша 5-годишен договор со Монако, тим што од идната сезона ќе игра во Првата француска лига.
„Ова е само почеток на изградбата на еден моќен клуб, каков што ќе биде Монако во иднина. Среќни сме што успеавме да го ангажираме Фалкао“, изјави Риболовлјев.
Трансферот на извонредниот напаѓач од Атлетико Мадрид во Монако е најскап во историјата на францускиот фудбал. Претходно рекордот го држеше Тијаго Силва, кој премина од Милан во Пари сен Жермен за сума од 45 милиони евра. Риболовлјев веќе потроши над 100 милиони евра, на стартот од летниот преоден рок, откако плати огромни 70 милиони евра за двоецот од Порто, Мутињо-Родригез, а во Монако пристигна и Карвалјо од Реал Мадрид. А, Риболовлјев вели дека ова е само почеток. И, тоа каков, скап, со екстра квалитетни засилувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“