| четврток, 6 декември 2018 |

„За заедничка Македонија“ до СДСМ: Или ќе се откажете од Тиранската платформа или ќе ве извадиме од Собранието (Во живо)

Започна протестите организирани од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Протестите започнаа од пред Влада, а поворката се движи според претходно утврдената рута, од Влада кон Собранието на Македонија.

Автобуси, багери, комбиња со регистерски таблички на кои пишува „Македонија“ денеска можат да се видат меѓу граѓаните кои повторно се излезени на улиците во Скопје. Но и низ останатите градови во Македонија.

Членот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски денеска одговори на изјавата на потпретседателот на СДСМ, Љупчо Николовски дека СДСМ имале план како да изберат спикер и потоа да формираат влада.

-Љупчо, и ние имаме два плана. Првиот е да се откажете од Тиранската платформа, а потоа формирајте што сакате и како сакате. Вториот план е следен, народот кој што ве ставил во Собрание, може да ве извади од Собранието, и тоа не смеете да го заборавите, му порача Илиевски на Николовски.

Тој рече и дека никакви обиди за шверцање или подметнување на Тиранската платформа да не им падне на памет, бидејќи, како што вели, тогаш и нас може да ни падне на памет сенешто.

Илиевски денеска ги повтори барањата на Граѓанската иницијатива

„За заедничка Македонија“.

– Повторуваме дека сите политички субјекти мора да се откажат и да ја осудат Тиранската платформа. Не може да се избере Претседател на Собрнието кој нема да ја отфрли и да ја осуди Тиранската платформа, истакна Илиевски.

Според него, досегашните протести на иницијативата довеле до неколку победи.

– И овдека, под Порта Македонија ќе повторам дека благодарение на нашата активност, секој ден на улица, немаме Тиранска влада. И денеска не беше избран Претседател на Собранието, качен на Тиранската платформа, посочи Илиевски.

Тој додаде и дека барањата на граѓаните ги слушнале сите амбасадори,некои, како што вели, со поотворени уши, а некои не.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top