Температурите кои во наредните денови се очекува да се спуштат и до минус четири степени целзиусови сериозно може да ги загрозат овошките и виновата лоза, предупредува УХМР и препорачува земјоделските производители да применат мерки за заштита.
Според агрометеоролозите, овошките и грозјето се во многу осетливи фази од развојот – процветување или почеток на формирање плод поради што се чувствителни и лесно подложни на оштетувања.
– Земјоделските производители да применат мерки на заштита, со препарати против измрзнување или класични методи со оросување со вештачки дожд во периодот додека се температурите негативни, а тоа е периодот пред изгрејсонце или со зачадување со палење на растителни отпадоци непосредно во парцелите, велат од УХМР.
Поради разведрувањето за време на викендот и во почетокот на наредната недела, утринските температури на некои места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Со разведрувањето во текот на ноќта помеѓу петок и сабота, а на некои места во недела наутро очекуваните негативни температури на воздухот ќе достигнат и до минус четири степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
Италијански синдикат ќе ги заштитува Македонците кои работат во Италија
-
Онлајн купувањето ќе влезе во новиот Закон за заштита на потрошувачите
-
Како да се заштитите од минусните температури: Совети кои можат да помогнат кога температурата e под нулата