| четврток, 6 декември 2018 |

Македонци влечеле илјадници евра од Шведска со фалсификувана медицинска документација

bolnica

Со фалсификувани дијагнози и медицински докумети од Токсикологија, нашинци влечеле пари од странски здравствени фондови. Како што дознава телевизија Сител, 4 лица  кои работеле во Шведска и имале тамошно осигурување, го оштетиле шведскиот фонд за околу 2000 евра. Пријавиле дека морале да одат на прегледи во македонија и приложиле документација со печати.

Парите им биле исплатени но шведските надлежни институции веднаш се посомневале во случајот.Им било чудно зошто толку скапо биле наплатени прегледите. Друга нелогичност е што од четворицата две се деца на 2 и 8 годишна возраст кои не треба да се третираат во вакви установи.

Шведската полиција веднаш почнала со истрага за овој меѓународен криминал. Записникот го доставиле до директорот на Клиниката за Токсикологија од каде случајот е пријавен и во македонското МВР. На Токсикологија направилое интерна истрага и дошле до заклучок дека такви пациенти не се евидентирани во амбулантскиот дневник. Иако на документите има печат од клиниката, амбулантските и архивските бореви се лажни. Од Токсикологија ни потврдија за злоупотребата на институцијата но не сакаат да даваат никакви коментари додека трае истрагата. Како што дознава Сител, за наведените прегледи во документите цените се максимум до 300 евра а не 1500 како што навеле лажните болни.

Истрагата треба да покаже дали има и други вакви случаи.

Сител дознава дека здравствениот работник кој ги пополнил документите е истиот кој ги фалсификуваше медицинските наоди и за азилантот кој работеше во Министерството за труд и социјала. Овој случај заврши без епилог бидејќи обвинителството немало доволно докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top