| четврток, 6 декември 2018 |

Начин на живот што го чини казна од 50.000 евра

obamejang

Поради што која ја стави на глава за да го прослави голот, Пјер-Емерик Обамејанг е казнет од управата на клубот со 50.000 евра.

Техничкиот спонзор на Борусија Дортмунд е „Пума“, а на маската на Обамејанг стоело логото на „Најк“, со што е нарушен угледот на германскиот производител на спортска опрема.

Директорот на „милионерите“, Вацке, го критикуваше Габонецот потсетувајќи го дека нему не му се допаѓа ваквиот начин на прослава на головите.

Обамејанг тоа не сака да го разбере и на неговиот профил на „Инстаграм“ напиша:

– Ајде бре луѓе, јас сум само млад човек што сака да игра фудбал, каква ароганција, ова е мојот начин на живот.

Ова не е првпат Африканецот да биде казнет од неговиот клуб и се очекува на крајот од сезоната да го напушти тимот и да се пресели во редовите на европските гиганти, кои стојат во ред за неговите услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top