| четврток, 6 декември 2018 |

Груби: СДСМ ќе ни ги исполни големоалбанските аптетити, ВМРО-ДПМНЕ нема слух (ВИДЕО)

Шефот на кабинетот на претседателот на ДУИ Али Ахмети, Артан Груби вчера и официјално потврди дека ДУИ со своите 10 пратеници, а не мнозинството Македонци, решаваат во земјава кој ќе биде на власт, а кој опозиција.

Зоран Заев и СДСМ во целата ситуација се само безгласни букви и послушници, кои прифаќаат какви било условувања и уцени само за да дојдат на власт.

Груби вчера во емисијата „Топ Тема“ потенцираше дека тоа што било разговарано и договарано со ВМРО-ДПМНЕ, не ги задоволувало апетитите на Албанците и не водело кон реализација на барањата на Тиранската платформа.

Од друга страна пак, со СДСМ, како што беше неодамна нагласено, постигната е согласност за законот за јазици, но и останатите елементи од платформата.

-Ние сме разговарале со ВМРО-ДПМНЕ за сите отворени прашања, за кои денеска се дебатира и во Собранието и во јавноста. Од првата до последната точка. За тоа разговаравме со ВМРО-ДПМНЕ на многу неконвенционални преговори затоа што немавме ни типични преговори, се сеќавате, господинот Груевски го доби мандатот и ние 10 дена немавме ниту еден состанок. Првиот состанок што го имавме беше истовремено и со Груевски, а потоа и со Заев. Значи имавме размена на мислења за сите отворени точки, вклучувајќи ги и точките од декларацијата. Тоа што успеавме некако да дојдеме до заеднички производ се оцени како недоволен на 29 јануари и затоа решивме да го испратиме Никола Груевски во политичка пензија и ВМРО-ДПМНЕ во опозиција – истакна Груби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top