| четврток, 6 декември 2018 |

Значителен пораст на бројот на терористичките напади во светот во 2016

apad

Бројот на терористичките напади во светот во 2016 година се зголеми за 14 отсто во споредба со претходната година, а во западните земји за дури 174 отсто, покажува денеска објавеното истражување на меѓународната осигурителна компанија „Аон“, со седиште во Велика Британија.

Во 2016 година биле извршени вкупно 4.151 терористички напад на различни места во светот, а во 2015-та таа бројка изнесувала 3.633.

Во западните земји бројот на нападите се зголемил од 35 на 96. Но, и покрај значителното зголемување на терористичките напади на Западот, тие претставуваат едвај три отсто од терористичкото насилство во светски рамки, нагласуваат експерите на компанијата, која објави мапа на политички ризици од тероризам и политичко насилство во 2017 година.

Мапата очекувано прогнозира зголемување на ризиците, при што највисоко ниво на опасност има во 17 земји.

Втора година по ред е регистриран поголем број земји, кои се качиле на столбот на ризиците (19), од оние кај кои се намалени ризиците (11).

– Сценариото за 2017 година не е розово, изјави Луј Болер, директор на Одделот за политички ризици во „Аон – Франција“.

– Не гледаме реални причини состојбата да се подобри. Кумулативниот ефект на политичките, економските и терористичките ризици создава исклучително нестабилна клима, додаде тој.

Во соопштението во кое е објавена и мапа за 2017. се наведува дека е малку веројатно ризиците од политичкото насилство оваа година да се намалат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top