„Ставот на СДСМ е дека не треба да има промена на националните симболи, тоа е крај на муабетот“, изјави Дамјан Манчевски во синоќешното гостување во „Топ тема“ на телевизија „Телма“. Но, во контекст на тоа, Артан Груби од ДУИ додаде дека „крајот на муабетот“ за СДСМ не е и „крај на муабетот“ за ДУИ, на што Манчевски се согласи. Ова значи дека новата коалиција која сака да ја протурка СДСМ и да ја наметне како владина коалиција нема единствен став за државните симболи, што во основа значи спорведување на тиранската палтформа.
На сите во државата им е јасно дека СДСМ ќе направи сѐ за да дојде на власт, а првиот чекор е да ги задржи албанските партнери од кои зависи. За СДСМ цената н државните интереси не е висока, напротив, за нив државата вреди колку кожата на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата премиерска фотелја.
Во синоќешното гостување во емисијата „Топ тема“ Манчевски на дело ја покажа свитканата кичма.
Јавноста знае дека Зоран Заев ја прифати тиранската платформа, во која стои дека треба да има дебата за промена на националните симболи, знамето, химната и грбот.
Да се потсетиме, ова не е првпат СДСМ да ја лаже јавноста, лидерот на оваа партија Зоран Заев, кој сега тврди дека нема да има никаква двојазичност, претходно самиот даваше изјави за двојазичност на целата територија на Македонија.
Заев тврди дека не се залага за никаква кантонизација на Република Македонија, иако сите убаво се сеќаваат на изјавата која тој во обид за придобивање на што повеќе албански гласови ја даде пред албанската дијаспора во Швајцарија, како и дека треба да се оди над Рамковниот договор.
Пратеникот од Движењето Беса, Зеќирија Ибрахими, од собраниската говорница пред целата македонска јавност вчера изјави дека Беса нема намера да влегува во каква било влада којашто нема да го официјализира албанскиот јазик.
Ибрахими од Беса: Не влегуваме во влада со Заев без официјализација на албанскиот јазик
-Движењето Беса нема намера да влезе во каква било влада којашто нема да го официјализира албанскиот јазик – изјави Ибрахими.
Очигледно е дека токму тоа е цената што Зоран Заев ја платил за да ги добие потписите на БЕСА и отткука Заев не може да излезе на говорницата и да каже дека прифатил Република Македонија да стане двојазична со тоа што албанскиот јазик ќе биде втор официјален јазик на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)