Фудбалерите на Челси на вчерашното дерби во Премиер лигата против Манчестер Сити славеа со 2-1 и се доближија до титулата шампион на Англија. По натпреварот тренерот на „сините“ Антонио Конте кој се чини и тактички го доби дуелот надвор од теренот против Пеп Гвардиола беше задоволен од играта на неговите играчи
– Едноставно сум многу уморен бидејќи цело време бев на теренот заедно со моите фудбалери. Задоволен сум од победата, затоа што таа е против многу силна екипа. Можеби и најсилна во лигата, која ја предводи најдобриот тренер во светот. Сега мораме добро да се одмориме и подготвиме за следниот предизвик – ијзави Конте.
Челси по освојувањето на трите бода ја задржаа предноста од седум бода пред Тотенхем, а во следното коло играат на гостински терен против Борнмут, па следи гостување против Манчестер Јунајтед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.