Диви продавачи, од околните села, се симнуваат на самиот автопат и продаваат јагоди. Автомобили застануваат, возачите си пазарат, се прави метеж. Грашаните кои почесто го користистат автопатот се револтирани, бидејќи непотребно се прави метеж, но и се изложени во ризична ситуација – некој несовесен може да настрада, а тие да бидат виновни иако ги почитувале прописите за возење на автопат.
Фотографиите се објавени на Фејсбук, на страницата Ѕидот на сообраќајниот срам, а во коментиарите има и граѓани кои го оправдуваат овој „европски и чесен“ начин на продавање овошје.
„Нема ништо лошо во ова и не е само кај нас, на овој начин се продава овошје и во Грција, а таа е членка на ЕУ, нели. Ова го има и во Хрватска, и таа е членка на ЕУ, и во Шпанија. Јас би ги поздравил бидејќи работат чесно и не украле и не нападнале, ниту ги интересира политиката туку гледаат да го преживеат ова лудо време на политички менингитис! Само што би требале ова по паркинзи да го прават, од безбедносни причини“, смета еден граѓанин.
Фото: Ѕидот на сообраќајниот срам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.