| четврток, 6 декември 2018 |

Титулата е се поблиску, Азар му носи три бода на Челси во дербито со Манчестер Сити (видео)

eden azar

Челси експресно го остави зад себе разочарувачкиот пораз од Кристал палас од пред неколку дена, па вечерва славеше во дерби пресметката со Манчестер сити со 2-1. Антонио Конте уште еднаш покажа дека го знае лекот за „граѓаните“ на Гвардиола, по вторпат сезонава успевајќи да го надмудри големиот ривал.

Еден Азар го доведе Челси во водство во раната фаза од мечот, Агуеро возврати во 28. минута, но само три минути подоцна Азар со својот втор гол, по одбиена топка по промашениот пенал, му ја донесе победата на тимот на Конте. Сити има за што да жали бидејќи гостите промашија две убави шанси во судиското продолжение, првата кога Куртоа го одбрани ударот на Агуеро, а втората кога Стоунс од пет метри непречен од никого не успеа да ја затресе мрежата на домаќините.

Ливерпул загуби два значајни бода на трилер-мечот со Бурнемаут што заврши 2-2. Гостите први поведоа, „црвените“ направија пресврт преку Кутињо и Ориги, за Бурнемаут со голот на Кинг во 87. минута да го замолкне „Енфилд роуд“. Може слободно да се каже дека загубените два бода од овој натпревар одат на душа на менаџерот Јирген Клоп кој го извади најдобриот играч на Луверпул, Кутињо уште во 65. минута од мечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top