| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона за едно полувреме ги реши проблемите со Севилја

luis suarez

Барселона оствари убедлива победа над Севилја на „Камп Ноу“, победувајќи го тимот на Хорхе Сампаоли со 3-0. Едно полувреме им беше доволно на каталонците за да ги разрешат сите дилеми на овој меч.

Севилја прва се закани преку Н’Зонзи, но потоа следеше фуриозен одговор од Барселона. Луис Суарез во 25.минута го отвори резултатот, три минути подоцна Лионел Меси зголеми на 2-0, а во 33.минута Аргентинецот уште еднаш се запиша во листата на стрелците за трет погодок во мрежата на Севилја. Тогаш веќе беше јасно дека бодовите ќе останат во Барселона.

По оовј триумф, Барселона се искачи на првото место на табелата во Примера дивизија со еден бод предност во однос на Реал Мадрид, но и два одиграни натпревари повеќе. „Кралевите“ вечерва го играат мечот со Леганес на гостински терен.

Резултати Шпанија:

Барселона – Севилја 3-0, Алавес – Осасуна 0-1, Спортинг Хихон – Малага 0-1, Депортиво Ла Коруња – Гранада 0-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top