Освен што на дедото не може да му го прости медиумскиот линч поради семејно насилство, Адил Максутовиќ на Џеј не му заборава уште нешто.
Имено тој го вовлекол во проектот со Марина и Фута, кој освен што не успеал, му донел и финансиска пропаст.
-Го запознав Фута кога Џеј ме одведе да снимам глас за песната „Не можам без тебе јас“, некаде во 2005 година, кога веќе се забавував со Ана, ќерката на Џеј.На Џеј му ја пуштив песната која ја имав направено , а тој ми рече:Џони оваа работа е страшна, ама можеш уште подобро да ја отпееш, ајде кај Фута да го снимиш тоа во сериозно студио. Отидовме во студиото, Џеј, Синан и јас, ама ништо не направивме бидејќи сите влечеа на своја страна и завлегоа во чашата – рекол Адил.
-Фута ми рече да дојдам утредента и ми понуди да снимам албум со него, со тоа што три години би работел за него. Меѓу другото ми рече дека Марина Туцаковиќ би ми ги напишала песните. И тогаш се тргна на лошо. Јас цела година го снимав тој албум, но незадовлство имаше од двете страни. Проектот заврши така што се договорив на Фута да му ги платам сите трошоци кога ќе обездедам пари и се разделивме. Од тој период имам само трошоци и никаков видлив ефект. Изгубив и пари и време – додал Адил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џеј си ја отвори душата:Ќе му простам на Адил, но ова мора да го направи!
-
Имаше проблеми со срцето, а сега одвај зборува: Пејачот и понатаму се бори со алкохолот и не може да се сети на текстот од песните
-
Животот на Џеј преточен во потресната приказна на песната „Недела“
-
ТЛЗП: Нема разлика помеѓу Брена и Дара но и Ѓоша и Џеј (видео)