Џеј Рамадановски вели дека е подготвен да му прости на Адил Максутовиќ, што наводно му ја претепал ќерката Ана во 2013 година, но под еден услов!
Прославениот фолк пејач после овој инцидент никогаш ниту еден грд збор нема кажано за својот зет, а сега е подготвен повторно да стапи во контакт со него.
-На Адил се би му простил, но мора прв да пружи рака и да се извини. Тој е помлад и тоа би требало да го направи од почит, бидејќи сум постар од него и татко на неговата жена. Нема логика нему да се правдам за било што- рекол Џеј.
Тој објаснил дека не се скарани, но дека последниве 4 години немаат контакт.
-Ние никогаш не сме се скарале. Што било, било. Не го терав јас да прави некои работи, ниту пак можев да влијаам на нив. Нема да се враќам на тоа. Едноставно не разговараме, но се почитуваме меѓусебе. Мене ми е драго што нему, на Ана и внукот Адријан сега им е убаво и што се среќно семејство-рекол Џеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Имаше проблеми со срцето, а сега одвај зборува: Пејачот и понатаму се бори со алкохолот и не може да се сети на текстот од песните
-
Животот на Џеј преточен во потресната приказна на песната „Недела“
-
Џеј ме вовлече во долгови, вмешана е и Марина Туцаковиќ – Адил си ја отвори душата
-
ТЛЗП: Нема разлика помеѓу Брена и Дара но и Ѓоша и Џеј (видео)