| четврток, 6 декември 2018 |

Животот на Џеј преточен во потресната приказна на песната „Недела“

Јавноста знае дека голем дел од детството Џеј го поминал во поправен дом, но досега никој не знаеше дека токму тој дел од неговото детство е преточен во потресната приказна на песната „Недела“, несомено неговиот најголем хит.

Песната „Недела“ е автобиографска, објавена е во 1991 година,а Џеј неодамна раскажа како била создадена.

-Во тоа време, кога ја правевме песната, Фута и јас, ни фалеше рефрен. За рефренот јас сум виновен, ѝ ја раскажав мојата приказна од поправниот дом на Марина. Како дете, кога ќе бев добар, ми даваа дозвола да си одам дома, а ако не бев, си останував во домот. Таа „Недела“ зборува за мене, кога немаше да добијам дозвола да излезам, а Марина за десет минути го напиша рефренот, открива Џеј.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top