Еден белграѓанец во неделата добил преку 90.000 евра обложувајќи се дека Александар Вучиќ ќе добие 42.75% гласови повеќе од Вук Јеремиќ на претседателските избори. Среќникот уплатил ливче од 6.175.000 динари (околу 50.000 евра) на квота од 1.8.
Вучиќ доби преку 55% од гласовите, а Јеремиќ околу 4,5%. Така, белграѓанецот добил облог од 11.423.750 динари (околу 92.000 евра), односно заработил околу 42.000 евра.
Сепак, повеќето облози биле дека опозициските кандидати ќе добијат повеќе гласови отколку што добија, па обложувачниците главно се офајдија од изборите.
Несреќник, пак, изгубил 500.000 динари обложувајќи се дека Саша Радуловиќ ќе има повеќе од 2.3%, а тој освои само 1.4%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста