Стаорец од Флорида, кој се пикнал во авиотот на „Ер Берлин“ за време на летот до Берлин, го приземјил леталото на десет дена, додека трае прегледот и потрагата по останатите животни. Екипажот го забележал малиот штетник за време на летот, а техничарите подоцна пронајдошле и измет, после што е започнат темелен преглед на авионот, за да се утврди дали е направена штета или изгризени некои жици.
– Мора да се качил во Мајами – изјавил за германските медиуми портпаролот на компанијата, Ралф Кункел.
Стаорците знаат да се „шмугнат“ во авионите најчесто со службата за доставување на храната за патниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.