| четврток, 6 декември 2018 |

Стаорци од Мајами стигнаа до Германија

Стаорец од Флорида, кој се пикнал во авиотот на „Ер Берлин“ за време на летот до Берлин, го приземјил леталото на десет дена, додека трае прегледот и потрагата по останатите животни. Екипажот го забележал малиот штетник за време на летот, а техничарите подоцна пронајдошле и измет, после што е започнат темелен преглед на авионот, за да се утврди дали е направена штета или изгризени некои жици.

– Мора да се качил во Мајами – изјавил за германските медиуми портпаролот на компанијата, Ралф Кункел.

Стаорците знаат да се „шмугнат“ во авионите најчесто со службата за доставување на храната за патниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top