| четврток, 6 декември 2018 |

Вестбрук со уште еден трипл-дабл се израмни со Оксар Робертсон, рекордот на дофат (видео)

rasel vestbruk

Расел Вестбрук продолжи да испишува историја со неверојатната сезона што ја има асот на Оклахома сити, откако со својот настап против Милвоки (победа од 110-79) стигна до својот 41. трипл-дабл сезонава. Вестбрук го заврши овој меч со 12 поени, 13 скока и 13 асистенции, со што го израмни неверојатниот рекорд на Оскар Робертсон од 41 трипл-дабл во една натпреварувачка сезона (1961/62). Извонредниот бек ќе има можност и целосно да го урне овој рекорд ако се знае дека Оклахома има уште пет натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната.

Воедно, со бројките против Милвоки, Вестбрук стана и првиот кошаркар во историјата кој стигнал до седум трипл-дабл натпревари во низа.

Трипл-дабл на синоќешните натпревари забележа и Леброн Џејмс, кој го предводеше Кливленд до победата над Орландо од 122-102. Кевин Лав беше најефикасен со 28 поени, но Џејмс доминираше на двата дела од теренот, завршувајќи го натпреварот со 18 поени, 11 скокови и 11 асистенции.

Голден стејт ја забележа и својата 12. победа во низа, овојпат на домашен терен против Минесота со 121-107. Клеј Томпсон беше во елемент на оваа средба постигнувајќи 41 поени, додека Стеф Кари го заврши натпреварот со 19 поени и девет асистенции.

Резултати НБА:

Вашингтон – Шарлот 118-111, Кливленд – Орландо 122-102, Филаделфија – Бруклин 118-141, Индијана – Торонто 108-90, Оклахома сити – Милвоки 110-79, Јута – Портланд 106-87, Сан Антонио – Мемфис 95-89 (по прод.), Њу орлеанд – Денвер 131-134, Њујорк – Чикаго 100-91, Сакраменто – Далас 98-87, Голден стејт – Минесота 121-107.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top