| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно кикс на Манчестер на „Олд Трафорд“, Лестер игра препородено под водство на Шекспир (видео)

zlatan ibrahimovic

Манчестер јунајтед се повеќе тоне на премиерлигашката табела откако „црвените ѓаволи“ уште еднаш ги разочараа своите навивачи, играјќи само 1-1 на „Олд трафорд“ против Евертон. Ова е уште еден во низата разочарувачки домашни резултати за тимот на Мурињо, кој може да биде и среќен за ремито ако се знае дека до него дојде со голот од пенал на Ибрахимовиќ во 94. минута.

Жозе Мурињо повторно се реши за ротации во тимот и скапо ги плати своите погрешни одлуки, пред се онаа за партнерите на Ибрахимовиќ во нападот, откако Лингард и Рашфорд целосно потфрлија. Јунајтед наивно прими гол по заспаноста на целиот тим кога Јагиелка го совлада Де Хеа, но „ѓаволите“ имаа доволно време да израмнат. Ерера и Погба ја погодија гредата, судијата поништи регуларен гол на Ибрахимовиќ.

Клучен момент беше 94. минута, кога заслужено беше досуден пенал по играњето со рака на Вилијамс, за што дефанзивецот на Евертон доби и директен црвен картон. Ибрахимовиќ беше сигурен од белата точка, со гол крунисувајќи го камбекот по суспензијата, спречувајќи пораз на „ѓаволите“.

lester

Шампионот, Лестер Сити продолжува со феноменалните резултати под водство на новиот менаџер, Крег Шекспир. Вечерва, „лисиците“ ја запишаа и петтата последователна победа во Премиер лигата, откако на „Кинг Пауер“ стадионот падна фенерџијата Сандерленд (2-0). Дека анонимниот англиски тренер е вистинскиот потег на раководството на Лестер говори податокот што творци на оваа победа беа резервистите Олбрајгтон, кој запиша две феноменални асистенции и Слимани, кој го отвори резултатот. Англискиот фудбалер за двата гола во свој стил проби по левата страна и упати прецизни центаршутеви до Слимани и Варди, кои на мајсторски начини ја сместија топката во мрежата на Пикфорд.

Резултати Премиер лига:

Манчестер јунајтед – Евертон 1-1, Лестер – Сандерленд 2-0, Барнли – Стоук 1-0, Ватфорд – ВБА 2-0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top