| четврток, 6 декември 2018 |

Ја дрогирале за да не биде свесна што и се случува – принцезата Дајана живеела во пекол

принцеза

Дајана Спенсер имала само 19 години кога го запознала и се вљубила во англискиот принц Чарлс.

Двојката се венчала во 1981 година, а медениот месец го поминала крстарејќи со кралскаа јахта Ројал Јахт Британиа. За новопечените сопружници тоа требало да биде најубавиот брачен период, но покојната принцеза годоживеала како вистински пекол, или барем така пишува во најновата книга за англиската кралска двојка.

-Дајана беше психички скрешна кога дозна дека Чарлс всушност сака друга жена – Камила Паркер Боулс. Неколку часа пред венчевката повраќала од маки и стрес, а принцот тоа наивно го припишувал на тремата- се тврди во книгата.

Со оглед на тоа дека покојната принцеза Дајана на медениот месец била толку растроена, лекарите и препишале Валиум, средство за смирување за кое многумина велат дека има влијание на мозокот посилно од хероин или марихуана.

-Одби да го испие. Беше уверена дека кралството семејство сакало да и дава седативи за да не биде свесна за светот околу себе. Постојано живеела во параноја дека сите од страната на сопругот ќе се свртат против неа- тврди Сали Бедел Смит, американска историчарка и писателка која специјализирала биографии на познати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top