Симон Шиме Шиклиќ (32) кој го призна насилието кон поранешната невенчана сопруга Милица Дабовиќ (35) во замена за условна казна затвор, протерување од Србија и забрана за приближување на кошаркарката, призна дека речиси две години физички ја малтретирал.
На основа на договорот со Првото основно обвинителство, судот ја донесе пресудата поради која Шиклиќ истиот ден морал да ја напушти Србија.
-Од почетокот на заедничкиот живот, кога и да дошло до вербален конфликт, ја стискав со рацете за врат, за стомак. И ја вртев кожата на тие делови од телото и често и ударав шамари за да престане да говори. И се заканував дека ќе ја убијам ако ме остави или нешто науми. И се заканував дека ќе и го заколам целото нејзино семејство ако ме изневери- открваат извори за белградските медиуми.
Српската позната кошаркарка, како што судот утврдил на основа на признанието на нејзиниот поранешен вонбрачен партнер, насилието го трпела од јули 2015 до 19 февруари, кога конечно го пријавила во полиција.
-Тој ден се скаравме. И удрив шамар, и ја турнав, а тогаш со раце ја фатив за врат и ја стискав. Ја туркав кон троседот, надоле, но цело време ја држев за врат. Кога ја пуштив, и врзав уште еден шамар и и реков: „Ќе ти е*бам матер“ и тогаш излегов од станот – признал Шиклиќ.
Но, освен инцидентот, кој се случил во станот на Јухорската улица во која живееле како невенчани сопружниици, Шиклиќ призна дека поради слична ситуација полицијата во нивниот стан доаѓала и пред крајот на претходната година.
Во ноќта меѓу 26 и 27 декември минатата година, по вербалниот конфликт, тој ја удирал. Милица паднала на под и почнала да вреска, а тој тогаш почнал да ја дави.
Милица го молела да прекине, но тој тогаш ја гризал за нос и черепот.
Комшиите кои ја слушнале вревата повикале патрола, но тогаш премолчела што се случило затоа што Шиме и се заканил дека ќе ја убие „ако нешто ѕуцне“, наведува во пресудата на Првиот основен суд од 23 март, кога е донесена на основа на неговото признание.
Поради насилие во семејството, тој е осуден на условна казна затвор од 10 месеци. Тој истиот ден е протеран од Србија на 1,5 години, а судот исто така му забрани да се доближи на Милица на оддалеченост од пет метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.