| четврток, 6 декември 2018 |

Дабовиќ со шокатна изјава: Ме убиваше од ќотек, ме крадеше!

milica dabovic

Откако пред два дена беше претепана, поранешната српска репрезентативка во кошарка Милица Дабовиќ за првпат во јавноста сега открива детали за мачната врска со Хрватот Шиме Шикилиќ – Симон.

Дабовиќ пред два дена го пријави Симон во полиција во Белград за обид за убиство, а сега за српските медиуми открива дека со месеци наназад трпела невидено насилство.

– Сега се одлучив да зборувам и јавно за сето тоа што го доживеав. Не сакам да си спомнувам, но како една поука за сите млади девојки сакам да кажам да внимаваат во кого и како се заљубуваат. Симон ме убиваше од ќотек, постојано ми крадеше и пари, постојано и психички ме малтретираше. Живеев во хорор, не сакав претходно тоа да го нагласувам затоа што се срамев, но сега веќе нема што да кријам – вели Дабовиќ, и дополнува:

– Молчев и затоа што мислев дека ќе се промени. Но, место тоа, стануваше се побрутален.

milica dabovic 1

Медиумите од Србија објавија и први фотографии на Дабовиќ по нападот од своето поранешно момче.

Но, по седум часа минати на испитување во полиција, Симон излезе во јавноста и со своја верзија на настанот. Тој вели дека Дабовиќ не можела да помине преку фактот дека тој ја оставил, и таа е таа која го нападнала тој ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top