| четврток, 6 декември 2018 |

Ја претепа девојката, но немаше каде – се предаде момчето на Милица Дабовиќ

policija1

Шиме Шиклиќ Симеон, момче на кошаркарката Милица Дабовиќ, кој вчера ја нападна и ја давеше во нејзиниот стан, се пријави сам во полиција.

Тој се пријавил во полициската станица Палилула и приведен е на сослушување во Првото јавно обвинителство во Белград.

Потив Шиклиќ ќе биде поднесена кривична пријава за насилничко однесување бидејќи во текот на караницата, физички ја нападал својата девојка Милица Дабовиќ, ја давел и и нанел полесни телесни повреди.

Таа сама го пријавила во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top