Реал Мадрид ќе биде значително ослабен во следниот период откако беше обелоденето дека повредата на Рафаел Варан е од посериозна природа и францускиот дефанзивец во следниот период нема да му биде на располагање на тренерот Зинедин Зидан.
Варан го имаше својот камбек на терените на дуелот со Алавес, но заработи незгодна повреда по само десет минути и мораше да биде заменет. Прегледите покажаа истегнување од втор степен на мускулот на левата нога, по што лекарите на „кралскиот клуб“ препорачаа мирување од околу еден месец.
Оваа повреда значи дека Реал ќе биде без помошта на Варан за двомечот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен, но и големите дерби средби во Примера со Атлетико Мадрид и со Барселона кои „кралевите“ ќе ги играат во текот на овој месец.
На Зидан е да реши дали местото на Варан да му го додели на искусниот Пепе, или пак на Начо како партнер на незаменливиот Серхио Рамос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.