| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид не преговара, ќе го откупи договорот на играч на Атлетико Мадрид!

perez i zidan

Трансферите меѓу најлутите градски ривали во Шпанија Реал Мадрид и Атлетико Мадрид се многу ретка работа, па затоа изненадувачки делува одлуката на Флорентино Перез првото засилување за наредната сезона да го договори токму од таборот на „јорганџиите“. Првиот човек на Реал нема ни да чека на согласност од управата на Атлетико бидејќи е подготвен да ја плати откупната клаузула за да доведе член на Атлетико Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.

Интересно, не станува збор за Гризман, Годин или Караско, туку за 19-годишниот Тео Хернандез. Францускиот интернационалец сезонава ја мина на позајмица во Алавес, каде настапува извонредно на позицијата лев бек, со што го привлекол вниманието на тренерот Зинедин Зидан. Тренерот на Реал го сака токму овој тинејџер како замена за Коентрао и прва резервна опција за Марсело, а претседателот Перез решил да му ја исполни желбата на Зизу. Сите детали од шестгодишниот договор со Хернандез се веќе средени, a за да нема одолговлекување во преговорите со Атлетико „кралевите“ подготвиле понуда од 24 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула на овој млад фудбалер.

И додека Хернандез важи за „засилување за иднината“, Реал сигурно ќе доведе и две големи ѕвезди во текот на летниот преоден рок, Обамејанг и Азар се на врвот на листата со желби на „кралскиот клуб“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top