По паузата од февруари од денеска на тренизните на Манчестер Сити се враќа бразилскиот напаѓач Габриел Жесус.
Фантастичниот 19-годишен фудбалер се здоби со повреда и скршеница на ногата во мечот со Бурнемут, а според тоа што го покажал на првиот тренинг се очекува да се врати во првиот состав на „граѓаните“ многу брзо.
Менаџерот Пеп Гвардиола кој му даде шанса на Жесус веднаш по неговото доаѓање во тимот во зимскиот преоден рок може да биде среќен пред крајните искушенија на тимот во борбата за настап во Лигата на шампионите следната сезона, а зошто да не и за титулата во Премиер лигата.
Жесус во четири меча колку што настапи за Манчестер Сити постигна три гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.