Сампдорија синоќа го победи Интер на „Џузепе Меаца“ со 1-2 по целосен пресврт во второто полувреме, а тренерот на домашната екипа Стефано Пиоли јавно ги обвини фудбалерите за неборбеност и незалагање.
– Ние не сме тимот кој играше во второто полувреме. Свирежите од трибините се за тие кои не даваат сè од себе на теренот. Немаше колективен дух, но и покрај сè, можевме да победиме. Но, кога секој се обидува да игра индивидуално, екипата страда и резултатите не доаѓаат. Треба да сме обединети од првата до последната минута. Јас не се плашам за моето тренерско место, мојата единствена цел е да извлечам максимумот од потенцијалот кој го имам – заврши Пиоли.
Интер остана на шестото место со 55 бода и сега не само што не може да ја сонува Лигата на шампионите, туку под знак прашалник го доведе и својот настап во Лига Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.