Во просториите на Македонската академија на наулите и уметностите в петок во 16 часот, ќе се одржи предавање на Седрик Вилани, светски славен француски математичар, добитник на Филдсовиот медал – еквивалент на Нобеловата награда во математиката, на тема „УМЕТНОСТА И МАТЕМАТИКАТА“
Седрик Вилани е eминентен француски научник, професор на Универзитетот во Лион, директор на Институтот Анри Поенкаре и член на Француската академија на науките и уметностите.
Вилани се смета за врвен математички амбасадор и поп-промотор на математиката. Добитник е на бројни признанија, а во 2010 година е одликуван со медалот Филдс, најпрестижната награда во областа на математиката.
Неговите главни теми на истражување се кинетичката теорија и примената на оптимален транспорт, за што напишал две референтни книги: „Тематики во оптималниот транспорт“ (2003) и „Оптимален транспорт, во минатото и денес“ (2008). Автор е, исто така, и на следните дела: „Жива теорема“ (2013) и „Куќата на математиката“ (2014).
Предавањето е од отворен карактер и е со симултан превод.
Научниот циклус се организира во соработка со Универзитетската агенција на Франкофонијата и Македонската академија на науките и уметностите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Предавање „Ритамот и звукот на Африка“ во Музеј на Македонија
-
„Африканскиот колонијализам и воајеризам: разликата како спектакл“ – предавање на Илина Јакимовска во Музеј на Македонија
-
Предавање на Лиса Нојберг во МСУ
-
МСУ: Предавање на Рикардо Пасони, директор на Галеријата на модерна и современа уметност во Торино