Ако има евроскептик меѓу нас, тоа сум јас. Политичките партии не водат тука, не знам дали не прашаа но, сакаат да не прашаат за референдум за името. Не ни треба референдум за да знаеме кои сме, ни треба референдум за да знаеме каде одиме и да се прашаме сите дали овој е нашиот пат.
Ова денеска пред ЕУ инфо центарот го изјави Борис Дамовски од иницијативата „За заедничка Македонија“.
– Триесет и шест дена нема потреба веќе да повторуваме дека нашето заедништво и присуство е нуклеарното оружје и заканата за секој што сака да ја растури нашата унитарност, сака да го смени уставот и знамето. Триесет и шести ден и уште едно големо НЕ, денот е добар затоа што конечно слушнавме и дека ронка разум некој европски политичар да каже дека сепак ова е внатрешен проблем и дека овој проблем нема да се решава со посредници по ексклузивни населби, туку тука во Македонија и народот ќе одлучи. Да живее Македонија, а на оваа Европа денеска како се чини денеска малку поосвестена ќе ја поздравиме со нашето срце – истакна Дамовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Петиција потпишана од интелектуалци, новинари, филмски работници: Бараме правда за Борис Дамовски
-
Апелација одлучи: Борис Дамовски останува во притвор
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност