Реки народ се упатија кон седиштето на ЕУ со порака до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск со порака „Народот е тој кој одлучува, Македонија не ја даваме!“.
-36-ти ден како повторуваме, не сакаме двонационална, двојазична Македонија, туку мулти етничка Македонија, заедничка Македонија, 36-ти ден како повторуваме дека нема дебата за знамето, за химната, за државниот грб, нема дебата за името на Република Македонија. Македонци некогаш во нашата земја и во оваа зграда доаѓаат луѓе, кои што мислат дека можат да ни го свиткаат грбот, некогаш доаѓаат политичари со свои интереси и свои агенди, кои сакаат да не се сретнат со народот и да не го слушнат гласот на народот. Не некогаш доаѓаат и такви политичари кои имаат малку повеќе сенс за зборот суверенитет и такви политичари кои не се наметнуваат со такви решенија, кои резултираат со свиткана кичма. Му посакуваме добредојде на господинот Туск и му посакуваме добро да не види колку сме, бидејќи ако повторно дојде некој Хан ние можеме да се собереме и во неколку пати поголем број од овој. Се надеваме дека ги слушнал нашите пораки и ќе ги пренесе кај неговите колеги во Брисел, од кои дел од нив сигурно мислат дека лесно може да се справат со нас, иако 36-ти ден по ред им гарантираме дека не е така. Ќе продолжиме да им гарантираме, да покажуваме и докажуваме дека никој не може да ја сака оваа земја повеќе од нас самите и никој не може да се бори повеќе за неа од нас самите. Добронамерниците ќе ги пречекаме како што треба, оние другите како што заслужуваат, рече Богдан Илиевски во своето обраќање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)