Вмешувањето на Џорџ Сорос, чиишто политики и активности за смена на власта во Македонија се спроведуваат повеќе години, беше поддржано и со политички притисок од американски политички центри како и директно со пари преку програмата УСАИД.
Токму финансирањето од УСАИД, владина американска програма за помош на леви здруженија и органиации кои ја спроведуваа соросовата кампања за промена на власта во Македонија, ги отвори истрагите по сомневањата од неколкумина американски сенатори.
Проблемот со Џорџ Сорос ќе кулминира во американскиот Сенат, дециден е Љупчо Палевски, поранешен висок функционер на СДСМ во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов.
-Конкретно пред неколку дена (американскиот амбасадор Џес) Бејли беше на разговор со сенаторот Ли. Од поставени 10 прашања од сенаторот, имал одговор само на едно прашање: тоа не е од мене, туку од амбасадорот пред мене – мислејќи на Волерс. Така што Бејли нема многу одговори за сето она што се случува и нема одговор за прашањето за неговото мешање во внатрешните работи во земјата и конкретно во изборниот инженеринг, бидејќи многу пари се потрошени.
Палевски потврдува дека постојат многу компромитирачки материјали за однесувањето на американската администрација, пред изборите, во изборите и по изборите, како што беше влегувањето во ДИК за време на одлучувањето и слични случувања.
-Освен такви јавни мешања постојат и сериозни наводи на Управата за приходи, за невладините организации, како и за што се делени пари. Најуредно сите тие материјали се преведени на англиски и веќе се во американскиот Сенат. Во однос на парите се фатени „100:0“ и не знам како Бејли ќе се извлече од тоа. Владе (Милчин) се извлече од целата работа, даде оставка, се пензионираше – анализира поранешниот прв човек на СДСМ за Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)