| четврток, 6 декември 2018 |

Заев е „камиказа“ кој го врати албанскиот иредентизам во најсурова форма (ВИДЕО)

Во замена за изборниот инженеринг и исполнувајќи ги политиките кои се од интерес на определени центри во САД, ЕУ и ,секако, на фондацијата на Џорџ Сорос, Зоран Заев и социјалдемократската врхушка ја отвори Пандорината кутија од која, во македонски услови, излета албанскиот иредентизам во најсурова форма. Големоалбанските идеи се вратија во нарацијата на политичките партии откако Заев најави воведување двојазичност во цела држава, а потоа нејзина кантонизација,  во замена за албански гласови. Целиот инженеринг се состоеше од продажба на наводна граѓанска платформа на СДСМ, во замена за можност Заев да дојде на власт и потоа да го исполни ветувањето – промена на државното име, што е услов за македонските евроатлански интеграции.

Дополнително, јавните настапи на Заев дека СДСМ по последните избори ќе биде „најголема партија на Албанците“, ги рашири крилата на иредентистичките крила во Тирана. Но, дури и во платформата која произлезе од таму се „читаат“ барањата и желбите на Џорџ Сорос – отворање на границите, но и промена на државните и национални симболи – нешто што самиот Сорос го бараше на почетокот на 90-тите години од македонските пратеници во замена за финансиска помош.

Васко Ефтов во последанат емисија „Во центар“ анализира дека исклучително штетно за Република Македонија е што ги повампири сите големоалбански амбиции на албанските политички партија во државава.

-Со доаѓањето на Зоран Заев да може да формира влада во Република Македонија, тој ги повампири амбициите на албанските политички партии, ја направија тиранската платформа, им се врати чаламот и сега делуваат како клучен фактор на македонската политичка сцена, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ мораат да ги прифатат нивните барања ако сакаат да коалицираат со нив. На тој начин не постои ниту еден сериозен политичар во Република Македонија освен Зоран Заев кој би коалицирал со албанските партии, смета Ефтов.

ljupcho-palevski-2-640x329

Љупчо Палевски, кој беше гостин во емисијата, вели дека Зоран Заев во телефонот на Али Ахмети и Муса Џафери бил потпишан како „Камиказа“. Тој надополнува и дека Али Ахмети е вешт преговарач, а дека одлуката на Заев да ги прифати барањата на албанските политички партии пред да почне да преговара ќе донесат уште најмалку две-три барања од нивна страна.

-Неговите чекори политички, на недобиени потписи, тој изјави дека ги прифаќа сите барања на Албанците, пред да почнат да преговараат. Али Ахмети е вешт преговарач, без разлика што се симнал од шума да се занимава со политика, тој е со демиграција дојден. Кога ти на оваква една тензична состојба ќе му прифатиш во целост барање на еден политички блок, а потоа ќе седнеш да преговараш, најмалку уште две до три работи, ќе излезат како услов за формирање влада надвор од тиранската платформа – изјави Палевски.

Палевски смета дека Заев на грбот на целата држава учи и вежба политика во моментов, а и дека нема да биде изненаден ако оваа состојба заврши со премиер од ДУИ.

-За жал, Заев дури сега ќе научи и вежба политика на сите нас, вежба политика на тиранската платформа или декларација на албанските партии. Нема да ме изненади доколку целава оваа разврска заврши со премиер од ДУИ – изјави Палевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top