| четврток, 6 декември 2018 |

Тиранската платформа е намерна навреда кон Македонците, нема врска со граѓанско општество

Еден од најспорните моменти од тиранската платформа беше чинот на потпишувањето на македонски политички лидери во кабинет на албанскиот премиер, под географска карта на Голема Албанија. Притоа, неговото спонзорство и директно мешање продолжува и денес, кога тиранската платформа го запали црвеното светло кај Македонците. Бегањето од платформата само со нејзино нарекување „декларација“ воопшто не ја менува содржината со која се нагласуваат иредентистичките барања и идеи на политичките лидери на македонските Албанци.

Додека за Заев и врхушката на социјалдемократите, документот не е спорен и, декларативно, е основа за дијалог, додека во заднина е прифатен во целост и се договорени законски решенија, своето незадоволство од тој чекор секојдневно на улиците го изразуваат и голем број членови на СДСМ.

platforma tirana

Љупчо Палевски, поранешен претседател на Градската организација на СДСМ, во одењето во Тирана препознава и намера за навреда кон Македонците, што нема никаква врска со „граѓанска политика“.

-Бидејќи во самата тиранска, освен што е географски ајде потпишана во Скопје, меѓутоа сликна во Тирана, еве да направам компромис да прифатам тоа што го зборат Албанците и Беса посебно, дека тука е потпишана, но тие се сликани таму сите на заедничка маса, па потоа стануваат па се сликаат до двометрашот од Корча Еди Рама и они не само што географски тоа го прават, самиот начин, процедурата, сликањето, објавувањето, промовирањето на тие слики- целта е навреда на достоинството на Македонецот, со кого они сакаат заедно да живеат, да градиме граѓанско општество- вели Палевски во емисијата „Во Центар“ на Васко Ефтов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top