Рафаел Надал си фати чуден терк на Ролан Гарос и во првите две кола, го губи првиот сет против аутсајдерите. Најпрво Германецот Брандс му поведе со 1-0, за потоа шпанскиот ас да направи пресврт и да слави со 3-1. Истото му се случи и денеска против Клижан од Словачка и повторно Надал го загуби стартниот сет со идентични 4-6. Потоа се беше во знакот на 7-кратниот шампион на Отвореното првенство на Франција и следеше фуриозен налет за нова победа од 3-1, со три сета во низа добиени со 6-3. Во следната рунда Надал ќе игра против Фабио Фоњини од Италија.
Понатаму одат и Јанович, Давиденко, Јужњи, Хас и Гаске, а останатите натпревари во машка конкуренција се во тек.
Кај дамите битката за настап во втората недела од турнирот ја продолжува домашната надеж Мерион Бартоли. Со големи маки таа ја елиминира Дуке Марино од Колумбија со 7-6, 7-5. Во следната рунда се пробија и Русинките Марија Шарапова и Марија Кириленко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.