| четврток, 6 декември 2018 |

Русите ја уценуваат Србија за сафирот во сефот на Тито

pictures-2014_november-tajna_titovog_plavog_safira_pripadao_je_obitelji_romanov_283847605-300x185

„Депо 555“ е сефот на доживотниот претседател на поранешна социјалистичка федеративна република Југославија, Јосип Броз Тито.

Ова депо е формирано, по смртта на Тито од работите што се чувале кај него и цело време ја имале ознаката „државна тајна“, а го потпишала комисијата по основ на одлука на Претседателството на СФРЈ од 30 март 1982 година. Депото е дадено на чување во трезорот на Народна  Банка на Србија.

josip-broz-tito

Русија бара од Србија да го отвори „Депото 555“ познато како сефот на Тито. Тие се убедени дека во него се наоѓаат скапоцености кои и припаѓале на династијата Романови. Целта на Русите е да дојдат до синиот сафир кој ова семејство му го дал на чување на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, кој го однел на Цетиње, а подоцна под чудни околности завршил во сефот на Маршалот.

Во 2013 година, од страна на претседателот на Србија, Томислав Николиќ, беше тргната ознаката „државна тајна“. Сѐ уште не е одлучено што ќе се прави со тоа што го има во сефот. Во сефот на Тито има: син сафир, 29 килограми злато во прачки и прав,  2.663 златници и дукати, 1.271 нумизматички монети,  26.219 американски долари,  36.000 германски марки, 149 парчиња злато од Караѓорѓевиќ.

Првиот oсновен суд во Белград на почетокот на 2016 година, одби било што од сефот да им врати на наследниците  на Тито, но и на семејството Караѓорѓевиќ, кои ги побарале работите што им припаѓале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top